Темен режим Режим на светлина

Светска банка: Со економското вклучување на ЛГБТИ луѓето македонската економија би добивала 64 милиони долари

Светската банка денеска објави дека политиките насочени кон зајакнување на социјалното вклучување на лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците, трансродовите и интерсексуалните (ЛГБТИ) луѓе би можеле да помогнат во градењето поправедни и поеднакви општества и да имаат корист за економиите на Македонија и Србија. Според проценките на Светска банка, годишниот бруто домашен производ (БДП) на Србија и Македонија би се зголемил во просек за 0,6 отсто доколку се намалат бариерите за влез на пазарот на труд за ЛГБТИ лицата кои се соочуваат со дискриминација поради нивната сексуална ориентација, пол. идентитет и изразување и родови карактеристики, се наведува во новите извештаи на Светска банка (СБ), објави Танјуг, пренесува Политика рс.

Се наведува дека со вклучување на ЛГБТИ заедницата, економијата на Србија би добивала дополнителни 293 милиони долари годишно, а економијата на Македонија би добивала дополнителни 64 милиони долари.

-Инклузијата е од суштинско значење за реализација на целосниот развоен потенцијал на земјите. Пристапот до основните услуги и пазари и можноста за достоинствен живот се темелите на успешниот и одржлив развој, изјави директорот на Светска банка за Западен Балкан Шаокинг Ју.

Според неа, ова истражување покажува дека вклучувањето на ЛГБТИ луѓето не е само „правилно нешто“, туку и основа за стабилна економија.

Србија и Македонија воведоа важни реформи кои ги штитат правата на ЛГБТИ заедницата, но тие се уште се соочуваат со дискриминација и исклучување, според извештаите на СБ. Во Србија, ЛГБТИ луѓето сè уште имаат поголема веројатност да бидат економски обесправени од општата популација, а еден од седум ЛГБТ лица во Македонија сè уште се соочува со дискриминација на работното место во однос на вработување, отпуштање и професионално напредување.

-Извештаите покажуваат дека намалувањето на стигмата и искуствата од дискриминација на ЛГБТИ луѓето може да има значително позитивно влијание врз економијата“, вели глобалниот советник на Светска банка за сексуална ориентација и родов идентитет, Клифтон Кортез.

Тој смета дека за постигнување на овие цели е потребна имплементација на постојната правна заштита од дискриминација, како и „понатамошно зајакнување на правната заштита на ЛГБТИ лицата во областите како што се образованието, вработувањето и здравството“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Извлечени осминафиналните двојки во фудбалскиот Куп на Македонија

Следна објава

Отсутен судија, отсутни од МВР...: Повторно одложено судењето на Менкиноски за поставување на знаме со сонцето од Кутлеш