Темен режим Режим на светлина

Тивко пред српскиот парламент по вчерашната тензија, приведени 37 лица

Тивко беше синоќа и утрово пред српскиот Парламент, откако вчера имаше големи тензии помеѓу насобраните групи противници и поддржувачи на владата, кои полицијата со кордон ги одделуваше.

Српската полиција во текот на ноќта соопшти дека се приведени 37 луѓе.

Граѓани вчера се собраа за да и понудат поддршка и заштита на Дијана Хрка, мајката на едно од 16-те загинати лица, пред една година кога се урна бетонска настрешница на влезот во Железничката станица во Нови Сад.

Таа вчера започна штрајк со глад пред зградата на Народното собрание, барајќи да се осудат одговорните за трагедијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Освоивме 30.000 гласови повеќе од првиот круг, кажа Апасиев

Следна објава

Лице со британско државјанство е осомничено за нападот со нож во возот во Англија