Блаже Докуле е добитник на овогодинешната награда за новинарство „Тоде Петревски“ што традиционално ја доделува редакцијата на „Битолски весник“, во чест на покојниот новинар на Радио Скопје, дописник од Битола, Тоде Петревски кој почина на 30 мај 2004 година.
Карикатуристот Блаже Докуле соработувал со бројни специјалзирани сатирично – хумористични весници од државата и странство, како што се белградски „Јеж“, словенечка „Павлиха“ и македонските весници Нова Македонија, Вечер, Екран, Остен, Дело, Република, Комунист, Трудбеник, Битолски весник, детските веснци Наш Свет, Развигорче, Борба и Насмевка. Во својата кариера нацртал над 50 илјади карикатури, цртежи, илустрации и стрипови.