Темен режим Режим на светлина

Тоневски: Учениците од СОУ „Н.Н. Борче“ се гордост на Пробиштип со успесите на државниот натпревар по географија

Тоневски: Учениците од СОУ „Н.Н. Борче“ се гордост на Пробиштип со успесите на државниот натпревар по географија Тоневски: Учениците од СОУ „Н.Н. Борче“ се гордост на Пробиштип со успесите на државниот натпревар по географија

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска ги пречека учениците од СОУ „Н.Н. Борче“, кои постигнаа значаен успех освојувајќи награди на Државниот натпревар по географија.

Тоневски упати искрени честитки до учениците, нивниот ментор и до целокупниот колектив на училиштето, нагласувајќи дека ваквите резултати се доказ за посветеноста и квалитетната работа во образовниот процес.

„Континуираните награди и освоените високи места на државно ниво се јасен показател за трудот и вложувањето во создавање на образовани и успешни млади кадри“, истакна градоначалникот.

Тој додаде дека Општина Пробиштип ќе продолжи да ги поддржува младите таленти и образовните институции, со цел поттикнување на нивниот понатамошен развој и успех.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Јаков Јозиновиќ со концерт во „Јане Сандански“

Јаков Јозиновиќ со концерт во „Јане Сандански“

Следна објава
Проданоски: Учениците од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ со иновативен проект за рециклирање освоија прво место

Проданоски: Учениците од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ со иновативен проект за рециклирање освоија прво место