Темен режим Режим на светлина

Велики Петок – ден што потсетува на жртвата и љубовта, но и на надежта дека по страдањето доаѓа воскресението

Велики Петок – ден што потсетува на жртвата и љубовта, но и на надежта дека по страдањето доаѓа воскресението Велики Петок – ден што потсетува на жртвата и љубовта, но и на надежта дека по страдањето доаѓа воскресението

Се празнува Велики Петок, ден посветен на спомнувањето на крстните страдања и смртта на Исус Христос. Најпрво, тој бил одведен пред првосвештеникот Кајафа, кој кратко го испрашувал и го затворил. Потоа бил испрашуван пред Синедрионот, највисокиот еврејски совет за верски прашања составен од 70 највидни членови, фарисеи, книжевници и садукеи. Од нив бил осуден за хула, за што казната била смрт.

Сепак, во тоа време само римскиот управител имал право да изрече смртна казна, при што тие го упатуваат кај Понтиј Пилат. Според обичајот за Пасха, еден осуденик можел да биде ослободен по волја на народот. И повторно, заблудената и поткупена маса го избира злосторникот Варнава, наместо Синот Човечки.

Исус го водат од затворот и од судот за да го погубат. Пресудата е извршена на височинка наречена Голгота со распнување на крст.

Велики Петок се смета за најтажниот ден во христијанството, ден на тишина, молитва и длабока духовна размисла. Верниците го поминуваат во строг пост, без масло и храна, посветени на покајание и смирение.
Во храмовите се одржуваат богослужби на кои се изнесува плаштаницата – симбол на положувањето на Христос во гробот, пред која верниците се поклонуваат.

Овој ден потсетува на жртвата и љубовта, но и на надежта дека по страдањето доаѓа воскресението.
Затоа Велики Петок не е само ден на жал, туку и подготовка за најголемиот христијански празник – Велигден.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Еве какво време не очекува денеска?

Еве какво време не очекува за Велигденскиот викенд?

Следна објава
Медиуми тврдат дека Иран и САД тајно комуницираат, официјален Вашингтон вели не се разговара со Tехеран

Сите погледи денеска кон Исламабад - ќе донесе ли траен мир состанокот меѓу САД и Иран?