Темен режим Режим на светлина

Комуналец Прилеп: Исчистени патеки и зелени површини на старите и новите гробишта

Комуналец Прилеп: Исчистени патеки и зелени површини на старите и новите гробишта Комуналец Прилеп: Исчистени патеки и зелени површини на старите и новите гробишта
Screenshot

ЈКП Комуналец Прилеп информира дека комуналните служби извршиле комплетно косење на зелените површини на Старите и Новите градски гробишта, како и темелно чистење на асфалтните и пристапните патеки, ободните канали, контејнерите и кантите за отпадоци.

Од претпријатието апелираат до граѓаните кои во наредниот период ќе ги посетуваат гробиштата и ќе вршат чистење на гробните места, отпадот да го одложуваат исклучиво во контејнерите поставени на главната патека или на за тоа определени локации, додека за помал отпад да се користат корпите за отпадоци.

„Должност на Комуналец е да ги одржува чисти површините на гробиштата, додека граѓаните треба да се грижат за финото чистење на гробните места“, посочуваат од претпријатието.

Воедно, од ЈКП Комуналец Прилеп информираат дека главната порта за автомобили на гробиштата е затворена, а истата ќе остане затворена и за време на Велигденските празници. Влез ќе биде дозволен само за возила поврзани со погреби и помени, оператори за погребни услуги, како и за каменорезци со соодветна дозвола.

Одлуката за затворање на капијата, како што наведуваат, предизвикала реакции кај дел од граѓаните, но од претпријатието потенцираат дека мерката е воведена со цел воспоставување ред на гробиштата. За пристап, граѓаните можат да ги користат пешачките влезови од обиколниот пат или патот кон манастирот Трескавец.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Вински Фестивал Битола: Фестивал на вино, музика и градска атмосфера

Вински Фестивал Битола: Фестивал на вино, музика и градска атмосфера

Следна објава
Стоп за хаосот: Во Мичурин ќе мора двоспратни улици да се прават, оти куќите станата осумкатни згради

Стоп за хаосот: Во Мичурин ќе мора двоспратни улици да се прават, оти куќите станаа осумкатни згради