Темен режим Режим на светлина

Трајанов: Тврдењата на СДСМ дека Мицкоски прифатил уставни измени се класичен спин, имаме дуизација на државата

Пратеникот во македнското собрание и доскорешен владин партнер Павле Трајанов во видео интервју за порталот „Република“, вели дека тврдењата на СДСМ во јавноста оти на лидерската средба претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги прифатил уставните измени се класичен спин и класична манипулација. Според него СДСМ и Ковачевски водат класична вазална политика спрема ДУИ, или како што вели има процес на дуизација на државата.

– Секојдневните настапи на Ковачевски и другите од СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски прифатиле промена на Уставот тоа го злоупотребуват. Не сакаат да ги слушнат другите барања бидејќи тоа е еден пакет кој треба да се направи за да се дојде до прифатливо решение и да не се блокираат евринтеграциските процеси. Но, тоа ќе трае кратко, граѓаните ќе видат дека тоа е класична манипулација и спинови се со цел да ù наштети на опозицијата. Ковачевски целосно ја злоупотреби идејата за национално единство и нема искрени намери за широка влада, посебно не да се откаже од неговиот стратешки партнер ДУИ. Владата на СДСМ со ДУИ е во комплетен пад, нема поддршка од граѓаните кај кои постои разочарување, револт и бес. СДСМ и Ковачевски водат класична вазална политика спрема ДУИ. Артан Груби во суштина е премиер на Владата. И тука е огромното незадоволство. Не може да се случи мнозинскиот народ да биде згазен од одредена политичка партија. Ако 90 пратеници се од мнозинскиот народ, а 20 или 30 пратеници се под команда на ДУИ, како тие да имаат монопол на целокупните процеси. Ја заглавија државата. Имаме процес на дуизација на државата. И другите партии што се дел од владата имаат крајно фундамeнталистички настап и сакаат да предизвикаат меѓуверски или меѓуетнички и национален судир. Затоа настапуваат екстремно, поставуват барања кои не се прифатливи, но нивните барања многу брзо ги имплементираат Ковачевски и СДСМ. Тоа е клучниот проблем во државата. Јас сум за градење на македонско национално единство, вели Трајанов за „Република“.

Трајанов тврди дека уште од првите месеци соработката со СДСМ не било како што замислувале а првиот поголем судир со оваа партија бил после интервјуто на Заев за БГНЕС.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Левица: Меџити да си поднесе оставка, дали е точно дека ја купил дипломата за завршен медицински факултет во Сараево?

Следна објава

Турист е брутално убиен во центарот на Истанбул