Темно Режим Светло Режим

Коњаспорт побара Барди да го прескокне мечот во Даблин

Турскиот клуб бара капитенот на Македонија да го прескокне мечот во Даблин Турскиот клуб бара капитенот на Македонија да го прескокне мечот во Даблин

Турскиот прволигаш Коњаспор испратил официјално барање до Фудбалска федерација на Македонија со цел да му се овозможи на капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди, предвремено да го напушти националниот тим и да не настапи на претстојниот натпревар против Република Ирска во Даблин.

Причината за ваквото барање е потребата Барди што побрзо да се врати во Турција и да им се приклучи на клупските обврски, односно подготовките за важниот првенствен дуел против Самсунспор, закажан за 5 април.

Инаку, натпреварот меѓу Македонија и Ирска доаѓа по поразите на двете селекции во полуфиналните плејоф дуели за пласман на Светското првенство, па истиот нема значително резултатско значење.

Коњаспор во моментов се наоѓа на 12. позиција во турското првенство со 30 освоени бодови по 27 одиграни кола, што е седум повеќе од Кајзериспор, тимот кој ја отвора зоната за испаѓање.

Конечната одлука ќе ја донесат селекторот Гоце Седлоски и ФФМ, а постои можност да му се излезе во пресрет на клубот, како и да бидат ослободени уште неколку репрезентативци за овој натпревар.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Влатко Стефановски доби „Порин“ за животно дело во Сплит

Влатко Стефановски доби „Порин“ за животно дело во Сплит

Следниот Пост
Меџити најави реконструкција на улицата „Ферид Мурат“ во Чаир

Меџити: 13 наставници добија трајни решенија за вработување во Чаир