Темен режим Режим на светлина

Уапсени две лица, со дрвен предмет нападнале 67-годишник

Уапсени се две лица, на едниот му е одреден 30-дневен притвор, а другиот е вратен во затвор, од каде побегнал, соопшти СВР Битола.

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода А.Ѓ. (48) и М.С. (38) од Битола, поради постоење основано сомнение дека на 8. јануари годинава околу 15.30 часот на ул.„Солунска” во Битола извршиле кривично дело „разбојништво”.

Имено, тие кривичното дело го извршиле со физички напад на 67-годишен битолчанец, користејќи дрвен предмет, при што му одзеле пари во вредност од околу 200.000 денари.

СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава по чл.237 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка на А.Ѓ. му одредена мерка притвор во траење до 30 дена, додека М.С., осуденик во КПУ Затвор Битола, е спроведен назад во затворот, каде веќе издржува затворска казна.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Нов вид на корона првпат регистриран во Русија

Следна објава

Американски функционер: Косово мора да формира заедница на српски општини