Засилена е механизацијата во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Имено, биле набавени четири средно големи возила со кипер-сандак и нето-носивост од 1.000 кг, со двојна кабина и можност за превоз на 7 вработени.
Со оваа набавка претпријатието го обнови возниот парк со четири средни товарни возила, чија просечна старост на најстарата група возила од овој тип изнесува 25 години.
-Со реализација на оваа инвестиција се придонесе за зголемување на мобилноста на вработените во секторот канализација, каде што во изминатиот период за пристапност до тешкодостапни локации се набавени четири нови среднотоварни возила и две приколки со високопотисна пумпа за одзатнување на канализациските мрежи, изјави Душко Весковски, генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.