Темен режим Режим на светлина

„Убивате за профит“, протест по скандалот со кражба на лекови на Онкологија

smart

„Колку вреди човечкиот живот“, „Убијци“, „Монструми“, „Убивате за профит“. Со вакви транспаренти голема толпа демонстранти се собраа денес пред Владата на протест по скандалот со кражба на лекови на Онкологија. Меѓу присутните има и лекари, кои дојдоа да го искажат својот револт.

Протестот се случува откако беше објавено дека на пациентите им биле давани физиолошки раствори, а скапите лекови против канцерогинете заболувања завршувале на црниот пазар. Организаторите на протестот најавија дека нема да прифатат одговорност само од најнискиот ешалон на Клиниката туку дека ќе бараат кривична одговорност за владините функционери.

Од Владата демонстрантите се упатија кон Обвинителството.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Дамјан Давков пред два месеца освои злато на математичка олимпијада, сега се здоби и со бронза на Олимпијада по информатика

Следна објава
Времето денес: Облачно со дожд и снег на повисоките места

Облачно, ветровито со локален дожд