Темен режим Режим на светлина

Украина потврди: Најмалку тројца загинати и 29 повредени во руски напад со беспилотни летала врз Киев

Во напад со руски беспилотни летала врз Киев загинаа три лица, изјави денеска градоначалникот на украинскиот главен град, Виталиј Кличко.

„Според првичните извештаи, три лица се убиени, а 27 се повредени (вклучувајќи 6 деца)“ во киевскиот округ Десњански, објави Кличко на Телеграм.

„Главниот град беше нападнат од непријателот по вторпат во изминатите 24 часа. Три лица беа убиени“, се вели во соопштението на службата на Телеграм.

Спасувачите работат на последиците од нападот со беспилотно летало во округот Десњански, каде што избувнаа пожари. Беспилотно летало удрило во деветкатна станбена зграда, при што 13 лица беа спасени од горните катови. На друго место, беспилотно летало удрило во 16-катна зграда, кршејќи прозорци од првиот до деветтиот кат, соопштија службите за вонредни ситуации.

Според извештаите, дрон оштетил и зграда во областа Оболонски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Денвер „експлодира“ со 157 поени, Портланд декласиран

Јокиќ продолжува да гази, запиша нов трипл-дабл

Следна објава
Советниците на Левица во Аеродром и Кисела Вода со предлог иницијативи за цементарницата „Титан Усје“

Левица: Кандидатите на ВРЕДИ шират шовинистичка реторика