Темен режим Режим на светлина

Утре ќе се разговара за воведување на евентуални рестрикции поради ширењето на делта вирусот

Комисијата за заразни болести утре на состанок ќе разговара дали поради ширењето на делта-видот на коронавирусот ќе се воведат некакви рестрикции.

Министерот за здравство, Венко Филипче извести дека иако дел од челновите биле на одмор, веќе се анализира и се истражува за овој вид и мислењата на челновите на Комисијата ќе бидат слушнати в понеделник.

Комисијата ќе проценува и дали да се воведат тестови за влез во Македонија.

„Треба да се процени ризикот и да се разговара дали е тоа вистинската мерка со која навистина може да се заштитиме“, рече министерот Филипче.

Во моментов само за патниците од Индија важи мерката 14 дневен карантин. За останатите, влезот не е условен.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог закон за поврат на парични средства на граѓаните кои се вакцинираа во Србија

Следна објава

249 санкционирани возачи во Скопје, 105 за брзо возење