Темен режим Режим на светлина

Полицијата во Градскиот парк приведе две лица поради дрога

Насилник во Кисела Вода, пукал со пиштол во домот и ги малтретирал сопругата и трите ќерки Насилник во Кисела Вода, пукал со пиштол во домот и ги малтретирал сопругата и трите ќерки

Две лица се приведени од страна на полицијата во две одвоени акции поради поседување на дрога. МВР денеска соопшти дека вчера во 01.35 часот во Градскиот парк во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода 17-годишник од с.Волково, скопско, бидејќи кај него била пронајдена марихуана.

Претходно, во 00.45 часот во Градскиот парк во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје е лишена од слобода С.М.(26) од Кочани, бидејќи кај неа биле пронајдени прашкаста и грутчеста материја, како и дигитална вага.

По документирање на случите, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. Градскиот парк, познато е, е една од локациите каде полицијата најчесто открива лица кои поседуваат дроги. Во овој период тоа е локација која е посетена од многу млади лица кои се цел на дилерите на дроги.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Меркел: Иднината на Западен Балкан е во Обединета Европа

Следна објава

Се урна филипински воен авион, најмалку 17 загинати