Вардар не дозволи да се посрамоти во Нови Сад иако губеше по првото полувреме, македонскиот шампион во вториот дел заигра како што треба и забележа победа од 32-26 против младиот тим на Војводина.
Лабавиот приод на македонскиот тим го искористија домаќините на почетокот на натпреварот и водеа во првото полувреме, на одморот се замина со 16-11 за Војводина.
По паузата Вардар заигра многу посериозно, брзо ја надополни негативата и премина во водство, на крајот победи убедливо со 32-26.
Гоце Георгиевски имаше перфектен меч со 10 од 10, седум постигна Јан Чувара, шест Филип Талески, а со шест одбрани за едно полувреме се истакна Васил Гогов.
Со оваа победа, Вардар го официјализира пласманот на Ф4-турнирот, каде што ќе вкрсти со подобриот од Нексе – Загреб. Првиот патник, од синоќа е Пелистер.





