Темен режим Режим на светлина

Вечерва концерт на оркестарот на ФАМЕ’С Институт во Сули Ан

Оркестарот на ФАМЕ’С Институт вечерва во 20.30 часот ќе одржи концерт во Сули ан, во Старата скопска чарпија. Ќе настапат и гостите од Соединетите Американски Држави, диригентот Скот Флавин и виолинистката Ирина Мурешану. На програта се дела од Ф. Прајс, М. О Конор, Џ. Лесард, А. Копланд, Л. Бернштајн, С. Џоплин, Х. Манцини и од Џ. Гершвин.

ФАМЕ’С европскиот окрестарски изведувачки институт е музички образовен центар, создаден во рамките на компанијата ФАМЕ’С која се занимава со професионално снимање и продукција на музика. Институтот претставува уникатна платформа за професионална музичка едукација, размена на искуства и креативност, наменет за млади талентирани инструменталисти од Европа, во полето на оркестарската музика, како дел од програмата за Паневропски културни ентитети (CREA-CULT-2021-PECE). Фокусирајќи се на креирање можности за младите таленти програмата обезбедува едукација и разновидни оркестарски практки, истражувајќи нови стилови, збогатувајќи го репертоарот со нови композиции итн.

Скот Флавин, роден во Бостон (САД) е музичар со сестрана кариера, без разлика дали диригира класични музика, ги придружува најголемите светски џез ѕвезди или изведува современа музика. Неодамна е назначен за постојан диригент за престижниот оркестар Symphony of the Americas. Освен тоа, тој е и постојан диригент на орекстарот на Хенри Манцини Институтот. Флавин настапува со различни уметници како: сопранот Денис Грејвс, Бич Бојс, виолинистот Џозеф Силверстајн, џез-пијанистот Чик Кореа и Дејв Грусин и многу други.

Виолинистката со романско потекло Ирина Мурешану е подеднакво барана на двете страни на Атлантикот, настапувајќи низ САД, Канада, Карибите, Европа, Азија и Јужна Африка. Цврсто се етаблира како вешт уметник за снимање на музика, а нејзините авантуристички програми и тематски концепти ја дефинираат како солист и камерен музичар. Лауреат и добитник на врвни награди на неколку престижни меѓународни натпревари за виолина, вклучувајќи ги натпреварите во Монтреал и Вашингон, Кралица Елизабета, УНИСА и натпреварот за гудачи Шадт. Наградите на Мурешану ја вклучуваат и музичката награда Пресер, наградата Артур Фут од Музичката асоцијација Харвард, Pro Musicis International Award и грантот на New Music USA.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно

Следна објава

Зголемен интензитет на сообраќај на граничните премини Табановце и Богородица