Темно Режим Светло Режим

Вечерва завршува кампањата за вториот круг од Локалните избори 2025

Вечерва завршува двонеделната изборна кампања за вториот круг од Локалните избори 2025, кои ќе се одржат во недела, на 2 ноември. На полноќ започнува изборниот молк, кој ќе трае до недела во 19 часот, кога ќе се затворат гласачките места.

Во вториот круг, граѓаните ќе гласаат за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, додека во општина Шуто Оризари ќе се спроведе прегласување на три избирачки места за членови на Советот.

Во сабота, еден ден пред главното гласање, први ќе гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и лица во домашен притвор, чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ синоќа во Скопје го одржа својот завршен митинг, на кој говореа премиерот и лидер на партијата Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Нашата политика е политика на заедништво, а не на поделби, истакна Пренџов

Следниот Пост

Скриени во камион, 130 килограми марихуана - Србин се обидел да ги внесе во Македонија