Нема зголемени вредностите на радијација во мострите што се земени за анализа од
воздух и почва, а не се регистрирани ниту тешки метали во примероците од вода од
засегнатото подрачје по пожарот во Трубарево.
Синоќа ова го соопштија од Институтот за јавно здравје при што најавија дека резултатите
за радијација во водите и тешки метали од почвата се очекуваат во текот на денешниот
ден.
Од таму нагласија и дека се во континуирана координација со Инспекторатот за животна
средина, Министерството за здравство и другите надлежни институции од државата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



