Синоќа повторно пожари во Скопје. Овојпат пламени јазици опфатиле сервис за возила
пред Пинтија, во кој изголере повеќе возила и автомобилско масло.
Од загрижувачкиот настан на социјалните мрежи се појави и видео каде јасно се гледа дека едно маскирано лице намерно ги пали возилата, поливајќи ги со бензин.
Противпожарната единица реагила брзо и со 8 возила и по тешка борба за кратко време
го изгаснала пожарот. Причинета е голема материјална штета, нема повредени.
Експресно реагираше и градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој бил на
лице место. Набрзо на социјалните мрежи напиша:
„ Ова што се случува е повеќе од случајност, ова е алармантно! Некој упорно го потпалува
градот, а за тоа ќе мора да има одговорност.“
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



