(Видео) Можност за вдомување на бездомни кучиња од „Лајка“ од денеска до недела во „Дајмонд мол“

15

Во трговскиот центар „Дајмонд” од денеска до недела во соработка со јавното претпријатие „Лајка” ќе се одржи саем за миленичиња, парада на хуманоста и концерт на познати македонски пејачи.
Организаторите најавуваат настан исполнет со љубов, добрина и шанса за подобар живот на бездомните кучиња.

– Ова е настан кој ги спојува семејствата, децата и љубителите на животни, потсетувајќи дека грижата за миленик е одговорност, а не тренд.

Во текот на целата недела, посетителите ќе можат да ја посетат донаторската зона и „Ѕвездите на Лајка” – простор посветен на кучињата кои моментално се згрижени во Лајка и со нетрпение очекуваат да бидат вдомени. Секој гостин ќе има можност да ги запознае, да дознае нешто повеќе за нивните приказни и – можеби – да си замине дома со нов верен пријател, велат од ЈП „Лајка”.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вест(Видео) Вработените во „Паркови и зеленило“ со рок до раководството за исплата на платата
Следна вест(Видео) Одложено рочиштето против моторџијата што летово усмрти пешак на кејот на Вардар