Темно Режим Светло Режим

(Видео) Ранети 12 американски војници, уништени два авиона во последниот ирански напад врз база во саудиска Арабија

Ракета од Иран навлегла во турскиот воздушен простор Ракета од Иран навлегла во турскиот воздушен простор

Во ирански напад врз американска воена база во Саудиска Арабија се ранети 12 војници, од кои двајца потешко.

Овој комбинираниот напад со ракети и дронови еден од најсериозните пробиви на американската противвоздушна одбрана од почетокот на војната со Иран. Во ударот се оштетени и најмалку два авиони за дополнување гориво во воздух.

Нападот доаѓа во време кога Донал Трамп испраќа двосмислени сигнали – од една страна најавува напредок во мировните преговори, а од друга засилува воено присуство во регионот.

Иран во текот на конфликтот изведе напади врз американски бази низ Блискиот Исток, користејќи балистички ракети и дронови за да ја наруши американската воена кампања. Повеќето од напади беа успешно пресретнати од одбранбените системи.

Според податоците на Американската централна воена команда, од почетокот на војната се ранети речиси 300 американски војници, од кои голем дел со повреди на мозокот од експлозии. Загинале 13 американски војници.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Носете чадор, можно е и денеска дождот да ве изненади

Следниот Пост
Хутите од Јемен се вклучуваат во војната, испалена ракета кон Израел

Хутите од Јемен се вклучуваат во војната, испалена ракета кон Израел