Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, ја оцени како „опасен преседан” одлуката на САД привремено да ги олесни санкциите против извозот на руска нафта.
– Русија треба да има помалку, а не повеќе средства да води војна, додаде Калас и повика настаните на Блискиот Исток да не го одвлекуваат вниманието од војната во Украина.
Таа не посочи од каде светот да набавува нафта во оваа нафтна криза.
Само посочи дека затворањето на Ормускиот теснец е во интерес и на Русија и соопшти дека разговарала со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, дали во овој случај може да се примени пристап како кај договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море, во однос на ѓубривата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:






