Американскиот претседател Доналд Трамп упати предупредување до НАТО, дека Алијансата ја чека „многу лоша иднина” доколку не помогнат во деблокирањето на Ормутскиот теснец.
Тој оцени дека земјите кои имаат корист од Ормускиот теснец треба да помогнат во неговото обезбедување, посочувајќи дека Европа е многу позависна од нафтата од Персискиот Залив, отколку САД.
Ормускиот теснец практично е блокиран од Иран откако САД и Израел пред 15 дена го нападнаа.
Трамп прво најавуваше дека САД ќе го одблокираат со воени бродови, но сега бара во тоа да се вклучат и други земји. Јапонија и Австралија веќе соопштија дека немаат намера да здемат учество во акцијата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



