Темен режим Режим на светлина

ВМРО-ДПМНЕ: Георгиев призна дека земал 10.000 евра за да ја ублажи затворската казна на Боро Марлборо од СДС

ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

Наќе Георгиев човекот на Заев во судството призна поткуп, правдата доаѓа, одговорност ќе има за сите. Наќе Георгиев призна дека земал 10.000 евра за да ја ублажи затворската казна на Боро Марлборо од СДС кој беше жив фатен како шверцува цигари, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Владеачката партија наведува дека Наќе Георгиев е олицетворение на Заев и Филипче во судството и дека времето на СДС тој експресно напредува од обичен судија до судија во Врховен суд и член на Судскиот совет.

-Покрај Наќе Георгиев вина признал и Иџет Мемети, заменик претседател на Советот на јавни обвинители. И тој како Георгиев кажал дека земале поткуп за да ја ублажат казната за Боро Марлборо. Наќе Георгиев е пример за штетата која ја нанесе СДС врз судството. Заради Наќе Георгиев и кадрите кои тој ги поставувал народот има 2% доверба во судството. Доаѓа одговорност, соопштуваат од партијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Екс војникот на ОВК, Блерим Рамадани избегал од куќен притвор

Следна објава

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против 42 лица за незаконско преземање на синдикатот