Самиот факт што СДС фамозните наводи ги презентираат во прашална форма говори дека се свесни дека лажат и ловат во матно. Жално е да се гледа како СДС панично се обидуваат да го заштитат Пајазит Пајазити, кој е единствено одговорен зошто сега Блерим Рамадани е на слобода, соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
На партиската прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски рече доколку изречеше Пајазити затворски притвор, сега Рамадани ќе беше во Шутка.
Според Петрушевски покрај спасот на Пајазити, СДС сакаат да прикријат огромен скандал за кој се виновни тие.
-А тоа е фактот дека двајцата избегани од затвор приведени за убиството кај „Мавровка“ се избегани во нивно време. Е.К. првиот од приведените е избеган од Идризово на 15.04.2024 година, а А.К. вториот од приведените е избеган од Шутка на 22.07.2024 година, два дена пред смената на директорот на оваа установа, вели Петрушевски.
Петрушевски праша „дали се ова беше планирано во СДС и дали намерно пуштиле од затвор да избегаат лицата кои сега се приведени за убиство?“



