Балканскиот нарко картел повторно е во фокусот по голема меѓународна акција спроведена на вчера во Црна Гора и Германија, во која биле уапсени 12 осомничени, меѓу нив и лице што Европол го означува како мета од висок приоритет.
Европол соопшти дека акцијата била насочена кон „значајна ќелија“ на балканскиот картел, а не кон целата мрежа.
Во Германија биле уапсени четири лица, додека во Црна Гора седум.
Истрагата, траела од октомври 2024 година и се однесува на шверц на големи количини дрога меѓу Јужна Америка и Европа, а биле запленети околу 4,5 тони дрога, вклучително и 2,7 тони кокаин во Боливија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




