Темно Режим Светло Режим

Во Кичево запленет цел асенал од близу 37.000 пиротехнички средства

Големо количество на петарди и други пиритехнички средства се пронајдени при претресот на едно правно лице вчера во Кичево, соопшти полицијата.

На 24.12.2020 полициски службеници од ОВР Кичево, по претходно добиени оперативни сознанија извршија контрола во правно лице во Кичево, чиј управител е Е.Е. (44) од Кичево.

-При прегледот се пронајдени и одземени пиротехнички средства, по што е извршен и претрес, по добиена наредба од Основен суд Кичево, во дом и други простории на Е.Е., при што е пронајдена поголема количина пиротехнички средства, информира МВР.

Вкупно се запленети 36576 пиротехнички средства, а Е.Е. е приведен и протов него ќе биде поднесена соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Магла до пладне, потоа облачно со слаб ветер

Следниот Пост

United Grоup ја купува бугарската „Нова“