Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 38 пациенти, а вкупно се лекуваат 491 болен

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 38 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 491 лице сомнително и потврдено за Ковид-19 се лекува на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

„ Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 23 приеми и тоа петмина пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, пет во ковид центарот на Клниката за Неврологија, тројца пациенти на Институтот за ТБЦ, тројца на Клиниката за дерматовенерологија, двајца на Очната клиника и еден на Клиниката за гастроентерохептологија. На ОРЛ се примени четири нови болни.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало седун нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени осум болни. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 48 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 23 пациенти, на Клиниката за очни болести 18 пациенти, а на ОРЛ 26 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 26 пациенти“ се наведува во извештајот.

Како што додаваат од министерството, во ГОБ 8 Септември има вкупно 110 болни, на Клиниката за инфективни болести лежи 152 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациент и тоа 9 деца и 23 возрасни.

Вкупно 492 пациент потврден и сомнителн за Ковид- 19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, од Министерството за здравство велат дека утрово до 8 часот имало 30 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Исто така додаваат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна подршка.

Претходна вестИзречени 660 санкции за неносење маска
Следна вестПриведен Косовец со фалсификувани документи