Во мај или јуни седми антикризен пакет?

Aко навистина е потребно, а веќе ги согледуваме последните финансиски податоци од април и движењата во различните сектори и дејности, во мај или јуни ќе излеземе со нов седми пакет антикризни мерки, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

-Се процесуираат последните барања, но сепак бројките укажуваат дека се намалува бројот на компании кои се корисници и бараат поддршка, како и вкупниот број на вработени кои се опфатени со финансиската поддршка на плати. Деновиве ќе направиме и анализа од кои дејности доаѓаат за да знаеме подетално со кои евентуално нови мерки би требало да се поддржат, рече Битиќи.

Во февруари, како што кажа, околу 11.900 компании со 38.000 вработени побарале економска помош, а во март нивниот број се намалил на околу 11.300 компании со 35.000 вработени.

Претходна вестДел од Керамидница утре без вода
Следна вестНаградно прашање: Имаат ли општините пари за спроведување дигитализација на која инсистира Царовска?