Темен режим Режим на светлина

Во разорните пожари на Хаваи досега загинаа 36 лица

Страшни-разорни пожари зафатија дел од рајските Хаваи. Локалните власти соопштуваат дека има дури 36 лица изгореле во големите пламени јазици.

Пожарот уништи стотици објекти на Мауи, вклучувајќи домови и деловни објекти, а илјадници луѓе се евакуирани. Заменик-гувернерката на Хаваи Силвија Лак претходно изјави дека „патот до закрепнувањето ќе биде долг“.

Историскиот град Лахаина е уништен до темел. Разорниот пожар, носен од ветрот, бил незапирлив и покрај напорите на пожарникарите и граѓаните да ги спасат куќите и фармите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

29 години од поставувањето на камен-темелникот на единствената црква во Арачиново, со нож беа уништени фреските и иконите

Следна објава

МВР распиша оглас за прием на 600 полицајци