Во скопските ковид-центри примени 37 пациенти, вкупно се лекуваат 480 заболени

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 37 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, соопшти денеска Министерството за здравство. Во информацијата се наведува дека вкупно 480 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 15 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, тројца во ковид центарот на Клниката за Неврологија,  два пациенти на Институтот за ТБЦ, четворица на Клиниката за дерматовенерологија и тројца на Очната клиника. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало девет нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени 13 болни.

Од МЗ информираат дека во изминатите 24 часа дома се пуштени 56 оздравени пациенти.

На Кожната клиника во ковид центарот моментно се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 45 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 19 пациенти, на Клиниката за очни болести 17 пациенти, а на ОРЛ 23 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 25 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 109 болни, на Клиниката за инфективни болести лежи 151 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент и тоа 9 деца и 22 возрасни.

-И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Претходна вестПарични средства од Владата добиле и други скопски општини
Следна вестАвтобус удрил и тешко повредил малолетен велосипедист