Темен режим Режим на светлина

Во Велешко АХВ ќе спроведе симулациска вежба за болеста африканска чума кај свињите

АХВ со 373 контроли – казни од над 20.000 евра АХВ со 373 контроли – казни од над 20.000 евра

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – (ФАО), на 11 и 12.3.2025 година ќе спроведе симулациска вежба за болеста африканска чума кај свињите. Теоретско-практичниот дел од симулацискта вежба ќе се одржи на 11.3.2025 (вторник) во Велес, а теренскиот на 12.3.2025 година (среда), во с. Башино Село.

-Ги известуваме јавноста од општина Велес и локалното население во с. Башино Село дека не станува збор за реална ситуација и појава на болест, туку за активности на Агенцијата поврзани со симулациската вежба. Целта на вежбата е да се утврдат добрите и слабите страни на одговор при евентуална појава на болеста африканска чума кај свињите, која е предмет на планови за итни мерки на АХВ. Преку вежбата, по однапред утврдено сценарио и доделување улоги на учесниците, ќе се реализираат активности во случај на појава на болеста на африканска чума кај свињите. По спроведувањето на вежбата, ќе се направи евалуација на подготвеноста на планот за итни мерки и ќе се утврдат добрите и лошите страни на одговорот при евентуална појава на болеста, кои може да ги згрозат здравјето и благосостојбата на животните, посочуваат од АХВ.

-На симулациската вежба ќе учествуваат претставници од АХВ, Ветеринарната комора на РСМ, Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, експерти од Европската Унија, претставник oд Секторот за шумарство и ловство при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, од здруженијата на одгледувачи на свињи и претставник од Ловечка федерација на Македонија, дообјаснуваат од АХВ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Градоначалникот Стефковски приреди ифтар вечера во чест на Рамазан Бајрам

Следна објава

Градоначалникот на Струмица прашува кој ја блокира реконструкцијата на патот Струмица - Дабиле