Возовите на релација Скопје-Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираа денеска од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Причината е, како што посочуваат, извршување на работни задачи на одржување на пругата, со цел зголемување на брзината на движењето на возовите.

Во март годинава Јавното претпријатие Македонски железници Инфраструктура ја ограничи брзината на возовите на делницата Скопје-Велес и обратно, за што вчера биле информирани железничките станици долж пругата.

-Максималната брзина на пругата Скопје-Велес меѓу станиците Рајко Жинзифов и Велес ќе биде 20 километри на час. Истата важи до нејзино отповикување, соопштија од Македонски железници Инфраструктура.

Претходна вестВторо издание на ЦИА: Снимање краток филм, работилница за дигитализација на филм, настап на „Баклава“ и Зарина Првасевда
Следна вестМу наоѓаат уште грешки на Пописот со кој власта се фалеше