Темен режим Режим на светлина

Време е да се отворат сите досиеја за да се провери кој се и на каков начин добивал магистерски и докторски титули

Факултетите се штампарии за дипломи – тој проблем треба да е приоритет за решавање во високото образование Факултетите се штампарии за дипломи – тој проблем треба да е приоритет за решавање во високото образование

Високото образование во Македонија е пред очекување да се донесе новиот Закон наменет токму за него. Ќе успее ли тој да го намали хаосот во кој е западнат голем дел од систем за формирање на дипломци и постдипломци?

Последниот проблематичен случај со магистерските и докторските студии на Филозофскиот факултет само ја покажа потребата од итно поставување ред.

Имено, на факултетот се случило студенти кои немале доволно поени за магистерски – сепак да бидат запишани, а дел од
нив да продолжат и на докторски студии. Неколку години никој не реагирал, ниту факултетот, ниту инспекторатот, ниту министерството. А сега излегува и тврдење дека имало и делови од законската регулатива кои можеле двозначно да се толкуваат. Тоа е недозволиво.

Денес Инспекторатот вели – тоа не било по закон. Уписите се поништуваат, студентите се испишуваат, парите ќе им се враќаат. Но, тоа не е решение – тоа е задоцнета реакција. Сега треба да се знае: Ќе сноси ли некој одговорност за настанатата состојба?

Следното прашање е: ако ова се случува на Филозофскиот, тогаш што се случува на други факултети, особено на приватните?
Македонија само лани доби стотици магистри и доктори на науки. Се ли таму е според прописите?

Време е да се отворат сите досиеја, да се проверат и старите случаи и без селекција да се влезе во секој факултет. Да, знаењето е моќ, но дајте да се расчисти веќе во Македонија дали секоја диплома е плод на знаење?
Впрочем деновиве гледаме и како на член на Државната комисија за спречување на корупцијата испитот за безбедносен сертификат ѝ го полагало друго лице.

Доста е од вакви работи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Филипче: Вечерва Унгарија рече ДОСТА Е! Нема веќе криење на Груевски во Будимпешта

Има ли проблем Филипче со своите градоначалници: СДСМ преку соопштение го искара својот градоначалник на Крива Паланка

Следна објава
Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Двајца повредени во превртување на косовски камион на скопската обиколница