Времето денеска облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, информираат од УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени Целзиусови.

И во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд и со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура во Скопје ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 24 степени.

Од утре, пак, како што најавуваат од УХМР, ќе настапи стабилизација со сончево и значително потопло време, освен во среда кога се очекува локален развој на нестабилна облачност со услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи

Претходна вестТешко повреден вработен во Царина, паднал од кабина на камион
Следна вестПотребно е проширување на контролните и построги казни за да се сопрат пребрзите возачи