Темен режим Режим на светлина

Времето денеска сончево и потопло со мала до умерена облачност

УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд

Времето денеска сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Следните денови следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Под влијание на нов продор на топол воздух од југ, од Африка, викендов во Македонија повторно ќе имаме поголем пораст на температурите на воздухот, но нема да има екстремно високи температури. Времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Максималните дневни температури на воздухот веќе од недела повторно речиси насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие ќе се искачуваат до околу 37/38 степени. Релативно свежо ќе биде денес кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени, а во Скопје и околината минималната температура ќе се спушти до околу 13 степени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје

Во бегство е осомничениот за убиството на припадникот на АРМ

Следна објава

Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период, откри Тошковски