Темен режим Режим на светлина

Времето денеска сончево и топло со температури до 36 степени

УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во текот на денот, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ќе дува и слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. УВ-индексот ќе биде 7. Утринската температура ќе биде од 11 до 20 Целзиусови степени, а дневната од 28 до 36 степени.

Во Скопје денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе биде од 18 степени наутро, до 36 во текот на денот.

За утре синоптичарите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Температурата утре ќе се искачи до 36 Целзиусови степени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Беше фатена во стапица со сајла околу градниот кош, тим на Скопската зоолошка спаси мечка

Следна објава
Планирани исклучувања на струја во Центар, Бутел и Карпош

Без струја денес дел од Ѓорче Петров