За прв пат после многу години од набавката на ертракторите, трите се во исправна состојба, подготвени за дејствување во случај на големи пожари, истакнаа директорот на Центарот за управа со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, и директорот на Дирекцијата за заштита и справување (ДЗС), Беким Максути, на денешната прес – конференција.
Ангелов наведе дека благодарение на соработката на ЦУК и ДЗС со МВР и Армијата, тие моментално располагаат со два хеликоптери од МВР, од кои едниот е со ведро од еден тон, а другиот со значително поголемо ведро од три тона, како и два хеликоптери од Армијата кои ги чуваат како посебна линија на одбраната.
– Како држава доста сме добри во раната детекција на пожарите и релативно брза се дознаваат сите пожари. Имаме и извонредна соработка со Локалната самоуправа, со Територијалните противпожарни единици со коишто на терен секогаш наидуваме на разбирање, што значително ја олеснува координацијата при појава на шумски пожари или пожар на отворено, како и со градоначалниците и пожарникарите од Национални шуми, додаде Ангелов.
На прашањето сега откако се добиени противпожарните авиони, дали има можност на активирање на сензорни механизми за гасење на пожарите како што е примерот со Германија неколку други држави, Максути рече дека се работи на заеднички преку граничен проект со Албанија, каде што покрај Општините Струга и Либражд којшто покрај тоа што го покрива Националниот парк на планината Јабланица, таму веќе поставени се и сензори и камери.
– Влегуваме во втората, односно завршната фаза на проектот, активни се, даваат исклучителни резултати. Ние сме отишле чекор понапред со тоа што ги споделуваме податоците со МВР, значи се што добиваме како слики или како видео записи или пак други сигнали, ги споделуваме со МВР со цел спречување на сеча но и какви било други влијанија коишто можат да се случат во тој регион, рече Максути.



