Темен режим Режим на светлина

Забрането реемитувањето на рускиот ТВ канал „Раша Тудеј“

Реемитувањето на рускиот канал „Раша Тудеј“ (РТ) во земјава веќе не е дозволено.

Вакво известување добија корисниците на Македонски телеком повикувајќи се на Одлуката на Владата и онаа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Забраната за реемитување на каналот РТ доаѓа по препорака на Владата која се однесува на „каналите во кои како основач се јавува Руската Федерација или приватни, физички или правни лица со потекло од Руската Федерација“.

Сепак, по првичната препорака на Владата, РТ престана да се реемитува во земјава, за потоа повторно да биде пуштен, а сега реемитувањето одново е прекинато.

Новинарските здруженија во земјава реагираа на ваквата одлука и сметаат дека слободата на информирање не треба да се компромитира.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Кај нас има околу 50 украински бегалци, нема најава за поголем бран

Следна објава
Незначителна корекција на цените на горивата, еуросупер – 95 се намалува, дизелот се зголемува

И денеска ќе има нови цени на горивата