Темен режим Режим на светлина

Загина млад моторџија

Млад моторџија загина вчера на локалниот пат Македонска Каменица – с.Цера. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

– Во неделата, околу 15.20 часот, во Полициската станица Делчево било пријавено дека на локалниот пат Македонска Каменица – с.Цера, кај место викано „Ајдарска маала“, А.С.(28) од Македонска Каменица, управувајќи мотоцикл со регистарски ознаки од Македонска Каменица, изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од патот. Во несреќата А.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Делчево. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Запленети околу 71 килограм марихуана на Деве Баир

Следна објава

Браво: Калин Ивановски влезе во Топ 400 на АТП листата