Пријава дека била физички нападната од друга жена поднела 29-годишна скопјанка, соопшти полицијата.
Во информацијата се наведува дека случајот е пријаван вчера во 21.10 часот во Полициската станица Кисела Вода.
-На 06.11.2022 во 21.10 часот во Полициска станица Кисела Вода, С.Ѓ.(29) од Скопје пријавила дека во 19.30 часот пред продажен објект на ул.„Народни херои“ била физички нападната од Д.Ѓ.(30) од Скопје, се вели во соопштението на МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



