Темен режим Режим на светлина

Жена тешко повредена при симнување од автобус

Жена на возраст од 65 години е тешко повредена при симнување од автобус во Скопје, информира полицијата.

Настанот е пријавен вчера во 12.30 часот во СВР Скопје, а се случил на улица .„Втора Македонска Бригада“.

-При симнување од автобус, патничката А.Ј.(65) од с.Добрино паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопштија од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Битиќи: Не може храната во Европа да поскапи 11, а кај нас 46 отсто

Следна објава

Годишно обраќање на Урсула фон дер Лајен: ЕУ може да функционира со 30+ членки, проширувањето не смее да чека