Темен режим Режим на светлина

Живко Мукаетов назначен за конзул на Кралството Норвешка во Скопје

Денеска, 29 јуни 2023 година, во просториите на „Алкалоид“ АД Скопје на локалитетот во Автокоманда официјално почна со работа Конзулатот на Кралството Норвешка.

За конзул на Кралството Норвешка во Скопје е назначен г. Живко Мукаетов, кој, исто така, функцијата Генерален конзул на Кралството Данска ја извршува веќе 16 години.

По повод отворањето официјално обраќање имаше г. Еивинд Вад Петерсен, Државен секретар при Министерството за надворешни работи на Норвешка, кој ја истакна важноста на соработката меѓу двете земји нагласувајќи:

Да се потсетиме дека силата лежи во единството и дека напредокот се постигнува преку заеднички потфати. Почесниот конзулат на Норвешка во Скопје нека биде основа за нашето пријателство да продолжи да се развива и нашето партнерство да го издржи тестот на времето.

На пригодната свеченост присуствуваа претставници од надредената Амбасадата на Норвешка во Белград, претставници на дипломатско-конзуларниот кор, претставници на Владата на Република С. Македонија, како и претставници на бизнис-заедницата и на медиумите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Сообраќајка во тунелот пред Катланово, блокиран автопатот Велес-Скопје

Следна објава

Син на затвореник нападнал друг осуденик во Идризово