Нашата натпреварувачка Мила Рељиќ успеа да освои златен медал на теквондо турнирoт кој викендов се одржа во Скопје и на кој настапија натпреварувачи од 36 земји. Таа во категоријата до 62 килограми успеа да го освои златниот медал забележувајќи три победи, над Тамара Сево (Србија), Зое Гуели (Унгарија) и Надја Савковиќ (Србија).
За Рељиќ ова се нови 10 поени за светската и олимписката ранг листа за Париз 2024.
Додека македонскиот вицеолимписки шампион Дејан Георгиевски освои сребрен медал. Тој во финалето во својата категорија бепе поразен од турскиот репрезентативец Берат Демирдоглу.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



