Темен режим Режим на светлина

Браво: Нашиот Калин повторно расте на најдобрата тенисерска листа

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски направи нов неверојатен скок од 18 позиции и сега е на 457-та на најновата АТП ранкинг листа. Ова е негов најдобар ранкинг во  кариерата.

Македонската спортска јавност само пред околу два месеци се радуваше на неговиот влез во најдобрите 500 тенисери во светот. Сепак тој со упорно тренирање и добри настапи секој ден напредува на светската листа на најдобри тенисери.

Инаку, во женска конкуренција нашата Лина Ѓорческа има исто така прогрес сега е на 213. место на светот.

На врвот на АТП листата е Новак Ѓоковиќ, во топ десет се и Алкараз, Циципас, Медведев, Руд, Рубљов, Оже-Алиасим, Руне, Синер и Фриц.

НА ВТА листата прва е Швјонтек, по неа следуваат Сабаленка, Пегула, Јабер, Гарсија, Гоф, Рибакина, Касаткина, Сакари и Квитова.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Бебе почина во болницата во Битола, ќе се испитуваат причините за смртта

Следна објава

Маж откако ја запалил неговата куќа се обидел да ја запали и куќата на негов роднина