Темен режим Режим на светлина

Зошто многумина се дистанцираат од ДУИ и Али Ахмети и ќе продолжи ли таа појава?

По локалните избори некако го снема Али Ахмети во јавноста. Уште ли ги сумира изборните резултати или пак е зафатен со броење на тоа колку соработници и коалициони партнери го напуштаат? А и во неговата ДУИ се некако тивки.

И партијата и нејзиниот лидер откако не успеаја да добијат ниту едно поголемо градоначалничко место на локалните избори, а во директната борба за Кичево изгуби од ВМРО-ДПМНЕ, сега добиваат нови удари. Ги напушти коалициониот партнер Зијадин Села. Претходно ги откачи и Мендух Тачи и ДПА. Од функциите во ДУИ се повлече и поранешниот министер Кренар Лога. Од ДУИ се дистанцираа и неколку помали партии на малцинските заедници во Македонија.

По ова, во јавноста се поставува прашањето: Ќе има ли нови заминувања и зошто многумина бегаат од Али Ахмети и ДУИ?

Можеби затоа што не помина нивната приказна дека, иако се втора година во опозиција, еве „само што не влегле во власта”? Можеби пак сите насетуваат дека ДУИ тргна да ја дели судбината со некогаш силните партии на Албанците во Македонија – ПДП и ДПА? Можеби пак е сосема друга причината што сите бегаат од ДУИ, но тоа најдобро може да го објасни Али Ахмети ако ќе се појави во јавноста.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Денес се слави Св. Aрхангел Михаил – празник посветен на војводата на сите ангели

Следна објава
Планирани исклучувања на струја во Центар, Бутел и Карпош

Делови од Кисела Вода денес без струја