Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.12) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Општина Центар изречени се вкупно 177 мерки од кои 21 за возење без возачка дозвола, 6 за нерегистрирани возила, 5 за минување на затворен сигнал – црвено светло, 10 за зборување на мобилен телефон.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.