Преку платформата за итна регистрација, досега се регистрирале 40 црногорски морнари кои се наоѓаат во регионите на Ормутскиот теснец, Персискиот и Оманскиот Залив, објави тамошното Министерство за поморски работи, додавајќи дека нивната безбедност е апсолутен приоритет.
Од црногорското министерство информираа дека се во постојан контакт со морнари и според информациите добиени од нив, повеќето се на бродови кои се усидрени во пристаништата, а помал број се уште пловат во Заливот со зголемени безбедносни мерки.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:






