Во последните 24 часа во Македонија се направени се 4.078 тестови, а регистрирани се 838 нови случаи на КОВИД-19, од кои најмногу во Скопје – 430 заразени. Понатаму следуваат: Велес – 52, Битола – 42, Куманово – 40, Тетово – 34, Прилеп – 33, Струмица – 23, Кавадарци – 22, Кичево – 19, Неготино – 17, Охрид – 16, Штип – 15, Гостивар – 14, Гевгелија и Ресен – по 12, Кочани – 10, Радовиш – 9, Струга – 8, Дебар – 7, Крива Паланка – 4, Делчево, Валандово, Виница и Демир Хисар – по 3, Богданци – 2, Свети Николе, Берово, Кратово, Крушево и Пехчево по 1 лице.
Од вкупниот број на позитивни (838), регистрирани се 118 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица: 10 починати лица од Скопје (69г, 73г, 76г, 77г, 77г, 80г, 81г, 83г, 84г и 85г), 3 починати лица од Тетово (64г, 72г и 74г) и по едно од Кочани (70г), Кратово (84г), Крива Паланка (71г), Куманово (68г), Неготино (83г), Прилеп (83г) и Струмица (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 1.140 оздравени пациенти
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица од Скопје (2). Починатите лица се на возраст од 77г. до 86г. Лицата за починати се пријавени во период од 03.02. до 14.02.2022. Починатите лица се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 22 лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во Македонија се направени вкупно 1.866.119 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 292.660, бројот на оздравени пациенти е 275.948, на починати е 8.891, а бројот на активни случаи изнесува 7.821.





