Темен режим Режим на светлина

Скопските пожарникари кои вчера се бореа со пожарот во „Треска“ ќе бидат наградени од Град Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска донесе одлука да се додели соодветна награда за скопските пожарникари поради нивната брза реакција и ефикасна интервенција при вчерашното успешно справување со огнената стихија во поранешната фабрика Треска, информираат од Град Скопје.

– Пожарникарите се хероите на нашиот град. Во знак на благодарност за нивната пожртвуваност и високото ниво на професионалност, донесов одлука да бидат соодветно наградени, како одраз на поддршка за заштитата на Скопје и скопјани, вели Арсовска.

Градоначалничката посочи дека пожарот со којшто вчера се соочи противпожарната бригада беше од висок ризик и голем размер, но сепак брзо го локализираа без жртви и повредени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Тешко повредено дете кое возело велосипед во Скопје, го удрило товарно возило

Следна објава

Нови 96 заразени и едно починато лице запишано во денешната ковид-статистика